Политика за приватност

Политика за приватност

Последно ажурирано: 6 ноември 2026

1. Кои сме ние

Оваа веб-страница, 3dloom.ing, ја води 3DLoom („ние“), со седиште на ул. Иван Аговски 13/2-24, 1000 Скопје, Северна Македонија. Ние сме контролор на личните податоци опишани во оваа политика. За сите прашања поврзани со приватноста, пишете ни на [email protected].

2. Кои податоци ги собираме

  • Нарачки: име и презиме, адреса за испорака, телефон, е-пошта, нарачани производи и износ. Плаќањето е при испорака – не собираме податоци за платежни картички.
  • Кориснички профил (ако отворите): корисничко име, е-пошта, лозинка (шифрирана) и историја на нарачки.
  • Контакт формулар и е-пошта: име, е-пошта и содржината на пораката.
  • Билтен (ако се пријавите): е-пошта.
  • Технички податоци: IP-адреса, тип на прелистувач и уред, посетени страници и извор на посетата, преку колачиња и слични технологии (види точка 5).

3. Зошто ги користиме и врз која правна основа

  • Обработка и испорака на нарачки, поврати и рекламации – извршување на договор.
  • Одговор на ваши прашања – наш легитимен интерес, односно преземање чекори пред склучување договор.
  • Сметководство и даноци – законска обврска.
  • Билтен и маркетинг – ваша согласност, која можете да ја повлечете во секое време.
  • Статистика на посетеност и рекламирање (Google Analytics, Meta Pixel) – ваша согласност преку банерот за колачиња.
  • Безбедност на веб-страницата и спречување злоупотреби – наш легитимен интерес.

4. Со кого ги споделуваме

Не ги продаваме вашите податоци. Ги споделуваме само со давателите на услуги што ни се потребни за работа, кои ги обработуваат според наши упатства:

  • курирска служба – за испорака на нарачката;
  • DigitalOcean – хостинг на веб-страницата;
  • Cloudflare – безбедност и забрзување на веб-страницата;
  • Zoho и Brevo – испраќање и примање е-пошта;
  • Google (Analytics, Tag Manager) и Meta (Facebook, Instagram) – статистика и рекламирање, само со ваша согласност;
  • сметководител и надлежни органи – кога тоа го бара законот.

Некои од овие даватели ги обработуваат податоците надвор од Северна Македонија и Европската унија. Во тие случаи се применуваат соодветни заштитни мерки, како што се стандардните договорни клаузули.

5. Колачиња

Користиме колачиња – мали датотеки што се зачувуваат во вашиот прелистувач:

  • Неопходни – кошничка, наплата, најава и безбедност (на пр. WooCommerce, Cloudflare). Без нив продавницата не работи.
  • Статистички – Google Analytics (_ga, _ga_*) и податоци за изворот на посетата (sbjs_*).
  • Маркетиншки – Meta Pixel (_fbp).

Статистичките и маркетиншките колачиња ги поставуваме само со ваша согласност. Колачињата можете да ги избришете или блокирате и во поставките на прелистувачот.

6. Колку долго ги чуваме

  • податоци за нарачки и фактури – онолку колку што бараат сметководствените и даночните прописи;
  • кориснички профил – додека не го избришете;
  • пораки од контакт формулар – до 2 години по последната комуникација;
  • билтен – додека не се одјавите;
  • статистички податоци – до 14 месеци.

7. Вашите права

Имате право да побарате пристап до вашите податоци, нивна исправка или бришење, ограничување на обработката, пренос на податоците и да приговорите на обработката. Кога обработката се заснова на согласност, можете да ја повлечете во секое време. Барањата испратете ги на [email protected] – ќе одговориме во рок од 30 дена. Ако сметате дека вашите права се повредени, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (www.azlp.mk).

8. Безбедност

Веб-страницата користи шифрирана врска (HTTPS), а пристапот до податоците е ограничен само на лица на кои им е потребен за работа.

9. Деца

Нашите производи не се наменети за деца под 14 години и свесно не собираме нивни податоци.

10. Измени на оваа политика

Оваа политика можеме повремено да ја ажурираме. Датумот на последната измена е наведен на врвот на страницата.

mk_MKMacedonian