УСЛУГИ ЗА

3D PRINTING

ПЕЧАТЕЊЕ

Ги носиме рентген и КТ снимките

на следното ниво преку реалистички 3Д испечатени модели

за неспоредливо прецизно хируршко планирање

Кои се видовите на услуги за 3д печатење кои ги нудиме?

Работиме со неколку болници и сме во можност да ги понудиме следните сервиси за 3Д печатење

3Д печатени ортози

3Д печатените ортози се направени за индивидуалните потреби на пациентот за оптимален комфорт. Користејки напредни технологии за 3д скенирање и печатење, креираме специјално дизајнирани ортози кои ја зголемуваат мобилноста и го забрзуваат процесот на заздравување.

Индивидуални анатомски био модели

Креираме органи за медицинско хируршко планирање, кои нудат огромна прецизност и реализам. Користејки напредна 3д технологија, ги конвертираме медицинските скенови на пациентот во реални физички модели што се перфектна реплика на анатомијата на пациентот

Специјализирани хируршки водичи

Специјализираните хируршки водичи се направени според индивидуалната анатомија на пациентот, и им овозможуваат на хирурзите да прават хируршки интервенции со невидена прецизност и ефикасност, намалувајки ја потребата за интероперативно снимање, со што се минимизира радијацијата за пациентот како и за медицинскиот тим

3Д печатени образовни модели на органи

Нудиме 3д печатени модели на органи како ресурс за студентите по медицина како и медицинските професионалци. Овие анатомски коректни реплики овозможуваат рачно разгледување на моделот за подобро изучување на истиот, со користење на органи со високо ниво на детали и реализам

ВР и АР модели

Со комбинирање на Аугментирана Реалност (АР) и Виртуелна Реалност (ВР) со 3Д печатени модели, нудиме алатка за екстензивно планирање на операции. Искуствата кои ги нудат АР и ВР моделите овозможуваат хирурзите да имаат интеракција со анатомијата на пациентот во виртуелна околина.

Консултантски услуги

Нудиме консултантски услуги поврзани со 3Д печатењето како би им овозможиле на медицинските професионалци лесен начин за пребродување на потешкотиите поврзани со медицинското 3Д печатење. Ја споделуваме нашата експертиза во изборот на материјали, оптимизирањето на дизајнито и добивањето на дозволи со медицински стандарди. Сè oд концепт до финален производ.

Примери на нашата работа

Нашата работа вклучува некои од следниве случаи

Хиперспленизам

Модел на зголемена слезинка (hypersplenism). Спленектомија е преферабилниот третман во вакви услови, и овој модел му помогна на хирургот во предоперативната фаза на планирање, особено во поглед на васкуларниот пристап. Артеријата во овој случај е многу крива, скоро го формира бројот 8 на одредено место. Со користење на овој модел, немаше никакви компликации и операцијата беше успешна.

Фрактура на фибула

Модел на двата зглоба на пациент со претходна фрактура на левата фибула. Беше извршена остеотомија, и моделот беше искористен за предвидување на оптималниот пристап. Десниот зглоб (кој е означен со фломастер) беше користен како водич. Разликата од позициите на зглобовите лесно се забележува на 3Д печатените модели, што не е случај со 2Д КТ сликите.

Спленопанкреатектомија

Овој модел претставува тумор сместен во хилусот на слезенката, поради што беше потребна спленопанкреатектомиjа. Сликата погоре покажува оперативен примерок, со акцент на прецизноста добиена со 3D печатениот модел. 

Моето искуство со користење на 3D испечатените модели на 3DLoom е исклучително позитивно. Во случаите каде што ги користев моделите, не само што подобро ја разбрав специфичната анатомија на пациентот, туку и успеав да ја завршам операцијата за многу пократко време од вообичаено, заштедувајќи во просек 30-40 минути од оперативното време.
Лабинот Бектеши
Трауматолог
Универзитетска клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски
Ги користев 3D испечатените модели за предоперативно планирање и мојот впечаток беше дека мојата самодоверба за време на самата операција беше значително поголема, бидејќи бев целосно свесен за анатомските варијации присутни кај пациентот. Ова ми овозможи да работам не само со поголема ефикасност, туку и со повисок степен на безбедност за пациентот.
Валон Салиу
Абдоминален хирург
Универзитетска клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски
Според моето искуство, 3D моделите се непроценливи алатки во хируршкото планирање, нудејќи ненадминлив увид во анатомијата на пациентот. Овие модели им овозможуваат на хирурзите сеопфатно разбирање на сложените структури, што овозможува детално предоперативно планирање и прецизна интраоперативна навигација. Способноста физички да се работи со реплики на специфичната анатомија на пациентот ја зголемува самодовербата при операциите и на крај резултира со подобри исходи за пациентот.
Ристо Пејков
Уролог / Уролошки хирург
Универзитетска клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски
mk_MKMacedonian