Description
Прецизен 3D-печатен модел на коските на човечката шака, изработен според реална анатомија. Моделот ги прикажува сите фаланги, метакарпалните и карпалните коски, како и дисталните краеви на радиусот и улната, во нивниот природен однос.
Идеален за учење на анатомијата на шаката и рачниот зглоб, за објаснување на повреди и фрактури пред пациенти, како и за подготовка и планирање на интервенции во ортопедијата и пластичната хирургија.
Карактеристики
- Анатомски верна репродукција на сите коски на шаката и рачниот зглоб
- Јасно видливи зглобни површини и односи помеѓу коските
- Лесен и издржлив, погоден за секојдневна употреба на час или во ординација
- Прецизна изработка со 3D печатење, произведено во Македонија
- Можност за изработка по нарачка, вклучително модели врз основа на КТ снимки на конкретен пациент
Наменет за
- Студенти по медицина, стоматологија и физиотерапија
- Ортопеди, физиотерапевти и хирурзи на шака
- Ординации и клиники за објаснување на дијагнозата на пациентите
- Медицински факултети и средни медицински училишта
Моделот е наменет за едукација и демонстрација и не е за клиничка употреба.






