Description
Реалистичен 3D-печатен модел на носната празнина и параназалните синуси, наменет за практична обука во ендоскопска хирургија на синуси. Фантомот им овозможува на специјализантите и хирурзите да ги вежбаат пристапот, ориентацијата и клучните чекори на интервенцијата во безбедна средина, пред да се соочат со вистински пациент.
Фантомите од 3DLoom беа користени на практичната работилница за ендоскопска хирургија на синуси во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје, каде лекарите вежбаа интервенции директно на нашите модели.
Карактеристики:
- Анатомски верна репродукција на носната празнина и синусите, со јасно видливи структури важни за ориентација при ендоскопија
- Погоден за работа со стандарден ендоскопски инструментариум
- Прецизна изработка со 3D печатење, произведено во Македонија
- Можност за изработка по нарачка, вклучително модели со специфични анатомски варијации
Наменет за:
- Специјализанти по оториноларингологија
- Хирурзи кои ја усовршуваат својата техника
- Медицински факултети, болници и организатори на курсеви и работилници
За поголеми количини за курсеви и работилници, контактирајте нè на [email protected].
Моделот е наменет исклучиво за едукација и обука и не е за клиничка употреба.






