Description

Прецизен 3D-печатен модел на коските на човечкото стапало, изработен според реална анатомија. Моделот ги прикажува сите фаланги, метатарзалните и тарзалните коски – вклучувајќи ги петната коска (calcaneus) и скочната коска (talus) – како и дисталните краеви на тибијата и фибулата, во нивниот природен однос.

Идеален за учење на анатомијата на стапалото и скочниот зглоб, за објаснување на повреди, фрактури и деформитети пред пациенти, како и за подготовка и планирање на интервенции во ортопедијата и подијатријата.

Карактеристики

  • Анатомски верна репродукција на сите коски на стапалото и скочниот зглоб
  • Јасно видливи зглобни површини, сводот на стапалото и односите помеѓу коските
  • Лесен и издржлив, погоден за секојдневна употреба на час или во ординација
  • Прецизна изработка со 3D печатење, произведено во Македонија
  • Можност за изработка по нарачка, вклучително модели врз основа на КТ снимки на конкретен пациент

Наменет за

  • Студенти по медицина, физиотерапија и подијатрија
  • Ортопеди, физиотерапевти и подијатри
  • Ординации и клиники за објаснување на дијагнозата на пациентите
  • Медицински факултети и средни медицински училишта

Моделот е наменет за едукација и демонстрација и не е за клиничка употреба.

Additional information

Dimensions 19,7 × 19,1 × 14,2 cm